Најмалку развиените земји во светот со најлош економски перформанс во последните 30 години

Според извештајот на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД), најмалку развиените земји во светот во 2020 година го презентираа најлошиот економски перформанс во последните 30 години

1539303
Најмалку развиените земји во светот со најлош економски перформанс во последните 30 години

Како што се истакнува најмалку развиените земји во светот во 2020 година го презентираа најлошиот економски перформанс во последните 30 години.

Според извештајот за „Најмалку развиените земји 2020“ соопштен од страна на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД), се предупредува дека поради падот во нивото на приходите, распространетата невработеност и растечките финансиски дефицити 32 милиони лица во најмалку развиените земји би можеле да станат крајно сиромашни.

Во извештајот се наведува дека поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) овие земји во 2020 година го презентираа најлошиот економски перформанс во последните 30 години, а воедно се подвлекува дека во 46 најмалку развиени земји живеат 1.06 милијарди луѓе.

Според извештајот, овие земји сочинуваат дури помалку од 1,3 отсто од бруто глобалниот домашен производ.

Во извештајот воедно се упатува повик до меѓународната заедница за обезбедување финансиска поддршка на најмалку развиените земји.



Слични вести