Азербејџан и врачи протестна нота на Франција поради усвоената одлука во врска со Нагорно Карабах

Азербејџан и врачи протестна нота на Франција поради усвоената резолуција на француското Национално Собрание во врска со Нагорно Карабах

1539777
Азербејџан и врачи протестна нота на Франција поради усвоената одлука во врска со Нагорно Карабах

Азербејџан и врачи протестна нота на Франција поради разолуцијата во врска со Нагорно Карабах којашто беше усвоена вчера во француското Национално Собрание.

Според објавеното соопштение од азербејџанското Министерство за надворешни работи, амбасадорот на Франција во Баку Захарие Грос беше повикан во Министерството и притоа му беше врачена протестна нота во врска со резолуцијата „Заштита на христијанските заедници на Европа и Истокот и ерменскиот народ“ којашто беше усвоена во француското Национално Собрание. 

Надлежни на Министерството истакнаа дека резолуцијата на француското Национално Собрание е во спротивност на Условот на Обединетите нации (ОН), Дефинитивниот документ од Хелсинки, поврзаните резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) со датум од 1993 година и меѓународните правни норми и принципи, а воедно информираат дека Азербејџан жестоко приговара на оваа одлука.

Францускиот амбасадор во Баку Захарие Грос исто така истакна дека враченета протестна на Азербејџан ќе им ја достави на властите на неговата земја.

Азербејџан и претходно и врачи протестна нота на Франција поради усвоената нацрт-резолуција на францускиот Сенат во која се упатува повик до Владата за признавање на таканаречената ерменска управа во Нагорно Карабах.



Слични вести