АОХР ја осуди одлуката на Франција за контрола на џамиите

Европската унија (ЕУ) беше повикана да не молчи пред острата и сурова политика што ја спроведува француската влада против муслиманите

1539495
АОХР ја осуди одлуката на Франција за контрола на џамиите

 

Арапската организација за човекови права (АОХР) ја осуди одлуката на француската влада за контрола на џамиите во земјата.

Во писменото соопштнеие на АОХР, со седиште во Англија, Европската унија (ЕУ) беше повикана да не молчи пред острата и сурова политика што ја спроведува француската влада против муслиманите.

Во соопштението беше наведено дека почнувајќи од 16 октомври, француската влада иницираше кампањи за апсење на муслиманите и во тие рамки затвори над 20 џамии и институции. Ваквата состојба уште повеќе ја зголеми омразата во Франција и другите земји.

Во соопштението остро беше осудена најавата на францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин дека ќе бидат контролирани 76 џамии во земјата.

Инаку вчера, францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин објави дека ќе извршат контрола во 76 џамии во земјата.

По убиството на учителот Самуел Пети во Франција, на 16 октомври кој покажа навредливи карикатури против божјиот пратеник Мухамед, се зголемија рациите и притисоците врз муслиманските здруженија и џамии во оваа земја.

Дарманин во изјавата од 3 ноември рече во последните 3 години ,откако Емануел Макрон ја презеде претсдетаелската функција, во земјата биле затворени 43 џамии.

Со предлог-законот „Исламистички сепаратисти“ подготвен од администрацијата на Макрон кој на 9 декември ќе биде доставен до Советот на министри, има за цел построго контролирање на финансирањето на џамиите, зголемување на контролата врз муслиманските здруженија со притисок врз муслиманите и спречување верските службеници да заминуваат во странство.



Слични вести