Алиев: Турција и Русија одигруваат значајна улога со Заедничкиот центар за надгледување на примирјето

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во својот говор на Самитот на Генералното собрание на ОН истакна дека Турција и Русија со посредство на Заедничкиот центар за надгледување на примирјето одигруваат значајна улога во продолжувањето на примирјето

1539480
Алиев: Турција и Русија одигруваат значајна улога со Заедничкиот центар за надгледување на примирјето

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на Самитот на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) посветен на Ковид-19 учествуваше преку видео-конференција и притоа истакна дека Азербејџан го поддржа повикот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес во врска со глобалниот прекин на огнот во периодот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), меѓутоа напомена дека овој повик беше игнориран (сметан за ништовен) од страна на Ерменија кој 30 години како ги држеше под окупација азербејџанските територии.

Велејќи дека веќе приближно еден месец како се почитува примирјето во Нагорно Карабах, Илхам Алиев рече: „Турција и Русија со посредство на Заедничкиот центар за надгледување на примирјето одигруваат значајна улога во продолжувањето на примирјето.“

Алиев подвлече дека управата на Ереван свесно го попречуваше преговарачкиот процес во последните 2 години, а воедно додаде дека Ерменија на 27 септември реализира воена провокација од обемни димензии против Азербејџан.

Тој потсети дека ерменската армија во текот на 44 дена реализираше топовски и ракетни напади врз цивилните населени места на Азербејџан во кои животот го загубија 94 цивили од кои 11 беа деца, а повеќе од 400 цивили беа ранети.

Илхам Алиев потсети дека азербејџанската армија во противнападот што го започна ослободи еден дел од своите окупирани територии, а останатиот дел му беа предадени на Азербејџан во согласност со декларацијата за примирје која што Ерменија беше приморена и мораше да ја потпише.

„Приближно еден месец како се почитува примирјето. Турција и Русија со посредство на Заедничкиот центар за надгледување на примирјето одигруваат значајна улога во продолжувањето на примирјето. На тој начин проблемот Нагорно Карабах е решен со воени и политички патишта. Поради тоа што меѓународното право не се почитуваше од страна на Ерменија беше неминовно да се применуваат резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) по пат на употреба на сила. Како резултат на тоа, агресорската држава мораше да постигне мир.“ - рече азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.



Слични вести