Започна испораката во Велика Британија на вакцината против Ковид-19 на „БионТек“ и „Фајзер“

По запаленото зелено светло за вакцината против Ковид-19 од страна на британските надлежни, од постројките на „Фајзер“ во белгискиот град Пурс тргнаа шлепери натоварени со илјадници дози вакцина против Ковид-19 на „БионТек“ и „Фајзер“

1538859
Започна испораката во Велика Британија на вакцината против Ковид-19 на „БионТек“ и „Фајзер“

Започна испораката во Велика Британија на вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) произведена од страна на американската фармацевтска компанија „Фрајзер“ и германската биотехнолошка компанија „БионТек“ на чие чело со наоѓаат турските научници Угур Шахин и Озлем Туреџи.

По запаленото зелено светло за вакцината против Ковид-19 од страна на британските надлежни, од постројките на „Фајзер“ во белгискиот град Пурс тргнаа шлепери натоварени со илјадници дози вакцина. 

Британскиот премиер Борис Џонсон во дадената изјава од владината резиденција „Даунинг стрит број 10“ во Лондон рече: „Наскоро започнува програмата за најголемо масовно вакцинирање во историјата на Обединетото Кралство.“

Премиерот Џонсон истакна дека е сигурен оти напролет животот ќе се врати во нормала.

Во меѓувреме, и меѓународните агенции споделија фотографии од испораката на вакцината на „БионТек“ и „Фрајзер“.

Велика Британија од оваа вакцина порача 40 милиони дози од кои 10 милиони дози се очекува да бидат готови до крајот на годината.



Слични вести