Во операцијата за ослободување на окупираните територии загинаа 2.783 азербејџански војници

Азербејџанскиот министер за одбрана соопшти дека во операцијата за ослободување на окупираните територии (станаа шехиди) загинаа 2.783 азербејџански војници

1539010
Во операцијата за ослободување на окупираните територии загинаа 2.783 азербејџански војници

Како што е соопштено во операцијата на азербејџанската армија за ослободување на окупираните територии во Нагорно Карабах станаа шехиди (загинаа) 2.783 војници.

Азербејџанското Министерство за одбрана ги загубите во војната којашто започна на 27 септември и заврши на 10 ноември со потпишување на договорот со кој Ерменија го призна поразот.

Во соопштението се истакнува дека во текот на војната станаа шехиди (загинаа) 2.783 азербејџански војници, а 1,245 војници се ранети.

Во соопштението се вели дека продолжуваат работите за утврдување на идентитетот со ДНА анализа на 103 загинати војници чиј идентитет не е познат, а воедно се додава дека се водат како исчезнати повеќе од 100 војници и во тек се работите и за нивно пронаоѓање.

Во истото соопштение стои дека подоцна ќе биде информирана јавноста за имињата и чиновите на загинатите (шехиди) војници.

Инаку, откако во започнатата операција од страна на азербејџанската армија на 27 септември беа ослободени од окупација 5 градови, 4 градчиња и 286 села, Ерменија го призна поразот и стави потпис на договорот со кој вети дека ќе ги испразни и градовите Агдам, Лачин и Келбеџер кои исто така беа под окупација.

Согласно овој договор ерменската армија на 20 ноември се повлече од Агдам, на 25 ноември од Келбеџер и на 1 декември од Лачин. 



Слични вести