СЗО: Треба да го зголемиме производството, да ја намалиме цената на вакцините против Ковид-19

Директорот на Програмата за итни состојби на Светската здравствена организација (СЗО) Мајк Рајан истакна дека треба да се зголеми производството и да се намали цената на вакцините против Ковид-19

1538823
СЗО: Треба да го зголемиме производството, да ја намалиме цената на вакцините против Ковид-19

Директорот на Програмата за итни состојби на Светската здравствена организација (СЗО) Мајк Рајан преку социјалната медија одговараше на поставените прашања во врска со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и притоа истакна дека се дочекува со задоволство издаденото одобрение од страна на Англија за масовната употреба на развиената вакцина против Ковид-19 од страна на германската биотехнолошка компанија „БионТек“ (BioNTech) чиј основач е турскиот научник проф. д-р Угур Шахин и американската фармацевтска компанија „Фајзер“ (Pfizer).

Рајан рече дека светот има потреба од многу повеќе од 3 или 4 вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Укажувајќи на тоа дека вакцините не можат да бидат доволни сами за заштита од пандемијата, Рајан го нагласи значењето да бидат преземени и други безбедносни мерки.

Тој привлече внимание дека треба да продолжат работите за развивање и испитување на вакцините и дека светот има потреба од многу повеќе од 3 или 4 вакцини против Ковид-19.

Рајан го достави и следното предупредување: „Треба да го зголемиме производството, да ја намалиме цената. Имаме потреба од една доза вакцина.“

Подвлекувајќи дека и покрај тоа што пристигнуваат убави вести во врска со вакцините, пандемијата е далеку од точката да заврши, директорот на програмата за итни состојби на Светската здравствена организација (СЗО) Мајк Рајан додаде дека откако ќе започне масовното вакцинирање „има многу животи за спасување“.



Слични вести