Зариф разговараше телефонски со Борел за атентатот врз иранскиот научник Фахризаде

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбендосна политика Жозеп Борел во телефонскиот разговор нагласил дека убиството на иранскиот нуклеарен научник Мухсин Фахризаде претставува злосторство

1537960
Зариф разговараше телефонски со Борел за атентатот врз иранскиот научник Фахризаде

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џевад Зариф оствари телефонски разговор со високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел.

Според објавеното соопштение од иранскоот Министерство за надворешни работи, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел во телефонскиот разговор нагласил дека убиството на иранскиот нуклеарен научник Мухсин Фахризаде претставува злосторство.

Во соопштението воедно се истакнува дека Борел го доставил до иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џевад Зариф ставот на Европската унија (ЕУ) во врска со извршениот атентат.

Инаку, иранскиот нуклеарен научник Мухсин Фахриздае, кој беше едниот од клучните имиња на нуклеарната програма на Иран, на 27 ноември во петокот го загуби животот во вооружен напад во областа Абсерд кај населеното место Демавенд кај главниот град Техеран.



Слични вести