Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 32 починати, 1.069 нови случаи

Во Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 1.069 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупниот број на инфектираните се зголеми на 62.945, а со уште 29 починати бројот на смртните случаи изнесува 1.792 лица

1537892
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 32 починати, 1.069 нови случаи
super covid19 ingiltere
super covid19.jpg
super covid19 ingiltere
super covid19 fransa
super covid19 fransa
super covid19 abd new york
Covid-19.jpg
covid19 guney afrika
super covid19 fransa
super covid19 abd
super covid19 4.jpg
moskova covid.jpg
super covid19 hijyen3.jpg
super covid19 hijyen2.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 486 илјади 830 лица, на случаите на зараза изнесува над 64 милиони 195 илјади, а досега оздравеа повеќе од 44 милиони 442 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД). Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 276 илјади 976 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 14 милиони 108 илјади 490. Како што се истакнува развиените вакцини против Ковид-19 првенствено ќе бидат раздадени за примена врз здравствените работници и на старите лица во домовите за старци.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 173 илјади 862 лица, а на случаите на зараза изнесува 6 милиони 388 илјади 526 лица. 

Во Мексико, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 106.765, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 122 илјади 362 лица.

Во Велика Британија, која е земја со најголем број починати во Европа, со раст за уште 603 лица во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 59.051, а на инфектираните со регистрирани 13.430 новозаразени достигна до 1 милион 643 илјади 086 лица. 

Во Италија, во изминатите 24 часа починаа уште 758 лица со што бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 56.361 лице, а со регистрирани 19.350 новозаразени бројот на случаите на зараза изнесува 1 милион 620 илјади 901 лице.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 365 лица со што бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 53.506. За еден ден во земјата се регистрирани 8.083 новозаразени и бројот на случаите на зараза достигна до 2 милиони 230 илјади 571 лице.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи за еден ден со раст за уште 442 лица се искачи на вкупно 45.511, а на случаите на зараза со раст за 8.257 достигна до 1 милион 656 илјади 444 лица. Шпанскиот министер за здравство Салвадор Ила во говорот што го одржа пред Сенатот го рече следното: „Во вториот бран го победуваме вирусот. Постои намалување во интензитетот во болниците и во бројот на новите случаи. Меѓутоа, ситуацијата се уште е многу загрижувачка.“

Во Германија, за еден ден од вирусот животот го загубија 486 лица што е регистрирано како најголема дневна бројка на смртни случаи во земјата од почетокот на епидемијата. Регистрирани се вкупно 17.359 човечки загуби, додека бројот на инфектираните се искачи на вкупно 1 милион 85 илјади 661 лице.

Во Португалија, Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 72 лица, а се регистрирани 2.401 новозаразен. Бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на 4.577, а на инфентираните изнесува 300.462 лица.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се потврдени 29 починати, а се регистрирани 1.069 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19).

На тој начин вкупниот број на смртни случаи во Северна Македонија се зголеми на 1.792, а на инфектираните се искачи на 62.945 лица. 

Институтот за јавно здравје регистрира 1.242 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 40.188 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 20.965.

Граѓанската организација „Press Emblem Campaign (PEC)“ со седиште во швајцарскиот град Женева, соопшти дека од месец март досега во 56 земји од Ковид-19 животот го загубија приближно 500 новинари.

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 9 милиони 499 илјади 710 инфектирани е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 138.159 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 40.464, а на случаите на зараза изнесува 2 милиони 322 илјади 056 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 48.628 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 975.951. 

Во Ирак, бројот на починатите се зголеми на 12.306 лица, а на случаите изнесува 554.767.

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 8.166 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 403.311.

Во Саудиска Арабија, досега починаа 5.907, а се инфектирани 357.623 лица.

Во Израел, бројот на смртните случаи изнесува 2.877, а на инфектираните достигна до 338.127 лица. Растот во дневната бројка на регистрирани нови случаи доведува до загриженост од започнување на трет бран на коронавирусот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 52.340 лица, а на случаите на зараза достигна до 2 милиони 198 илјади 197.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 21.644, а потоа следуваат Египет со 6.666, Мароко 5.915, Тунис 3.260, Алжир 2.447, Етиопија 1.709, Кенија 1.474, Судан 1.255, Нигерија 1.176, Камерун 441 починат.

 



Слични вести