Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев 10 ноември го прогласи за Ден на победата

Според објавеното соопштение од претседателството на Азербејџан, претседателот Илхам Алиев датумот 10 ноември го прогласи за Ден на победата

1538225
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев 10 ноември го прогласи за Ден на победата

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев,  датумот 10 ноември кога беше потпишана декларацијата со која Ерменија го призна поразот го прогласи за Ден на победата.

Според објавеното соопштение од претседателството на Азербејџан, претседателот Илхам Алиев донесе одлука за прогласување на 10 ноември за "Ден на победата" и за одбележување на овој датум секоја година како Ден на победата. 

Алиев воедно 27 септември, датумот кога азербејџанската армија ја започна операцијата за ослободување на окупираните територии го прогласи за Ден на сеќавање на шехидите (паднатите борци, загинатите за татковината).

Инаку, азербејџанската армија во операцијата која траеше 44 дена ослободи од окупација 5 градови, 4 градчиња и 286 села, по што Ерменија го призна поразот.

Потоа Ерменија на 10 ноември го потпиша договорот со кој вети дека ќе ги напушти и градовите Агдам, Лачин и Келбеџер што досега е и остварено.

Од друга страна, во главниот град на, Азербејџан Баку, по повод извојуваната победа на азербејџанската армија ќе се одржи воена парада. 

На церемонијата којашто ќе се одржи на познатиот плоштад Азадлик во главниот глад ќе бидат изложени и оклопните возила и другите оружја коишто од страна на азербејџанската армија се запленети од ерменската армија.

Засега не е објавено официјално соопштение по прашањето на датумот на одржување на оваа воена парада. 

 



Слични вести