Зариф: Иран нема да западне во стапицата на оние кои сакаат војна и радикалните ционисти

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џевад Зариф истакна дека неговата земја нема да западне во стапицата на оние кои сакаат војна и на радикалните ционисти

1537502
Зариф: Иран нема да западне во стапицата на оние кои сакаат војна и радикалните ционисти

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џевад Зариф во објавената порака со графикони на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм направи проценка во врска со атентатот врз иранскиот нуклеарен научник Мухсин Фахризаде.

Зариф истакна дека неговата земја нема да западне во стапицата на оние кои сакаат војна и на радикалните ционисти.

Застанувајќи во одбрана на тоа дека лидерите и поддржувачите на политиката на максимален притисок коишто беа поразени од Иран, како и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во последните денови се во потрага по зголемување на затегнатоста, Џевад Зариф истакна дека со ваквите иницијативи се има за цел да се уништи создадената атмосфера за укинување на санкциите. 

Зариф, наведе дека посетите коишто ги оствари американскиот државен секретар Мајк Помпео на регионот и неговите средби со саудискиот престолонаследник Мухамед Бин Салман и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беа остварени во рамките на компло коешто се појави со атентатот врз иранскиот нуклеарен научник Мухсин Фахризаде.

Зариф исто така тврдеше дека воедно и психолошката војна и кампањата за контраразузнавање коишто се видат истовремено со атентатот врз Фахризаде, е во услуга на целите на Нетанјаху, Помпео и Бин Салман.

„Иранскиот народ и надлежните нема да западнат во стапицата на последните здивови на меѓународните терористи и оние кои се на страната на војна и радикалните ционисти. Иран ќе го одбрани своето единство и заедништво за финализирање на придобивките на отпорот што го пружа против економската војна и на Трамп и неговите партнери.“ - рече иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џевад Зариф.



Слични вести