Расте билансот на Ковид-19 во светот

Bројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 43.985.000.

1537244
Расте билансот на Ковид-19 во светот

 

Бројот на смртните случаи поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот изнесува над 1.473.000. Бројот на зазаразените од вирусот изнесува над 63.590.000, а бројот на оздравените над 43.985.000.

Бројот на смртните случаи поради епидемијата во Соединетите Американски Држави (САД) изнесува 274.332. Бројот на инфектираните во земјата изнесува 13.920.038. Советникот за Ковид-19 на претседателот Доналд Трамп, д-р Скот Атлас истакна дека поднел оставка од функцијата. Атлас кој пред околу 4,5 месеци беше назначен на оваа фунција, особено поради изјавите за носење маска беше подложен на интензивни критика во медиумите.

Во последните 24 часа од Ковид-19 во Англија умреа 205 лица, така што вкупниот број на смртни случаи во оваа земја се зголеми на 58.448. Во истиот период во земјата беа регистрирани 12.330 нови случаи на Ковид-19, на тој начин вкупниот број на заразени се зголеми на 1.629.657. Министерот за здравство Мет Хенкок изјави дека националниот карантин доведе до 30 % намалување на случаите на коронавирус.

Со смртта на уште 408 луѓе во последните 24 часа поради Ковид-19 во Франција, вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 52.731. Бројот на новозаразените во истиот период се зголеми за уште 4.005 и достигна 2.222.488.

Во Хрватска, каде бројот на смртните случаи поради  епидемијата изнесува 1.786 илјади, а бројот на заразени 128.442, тестот на премиерот Андреј Пленковиќ, чија сопруга беше заразена, исто така беше позитивен.

Во Холандија, каде досега поради Ковид-19 умреа 9.376 лица и беа заразени 523.478 лица, денес почнува задолжително носење маска во затворени простори поради епидемијата Ковид-19.

Бројот на смртните случаи поради епидемијата на коронавирус во Канада се искачи на 12.084. Бројот на заразени од Ковид-19 се зголеми на 375.737.



Слични вести