Пофалба од „Вашингтон пост“ за турските наоружани беспилотни летала (СИХА)

Американскиот весник „Вашингтон пост“ (Washington Post) објави напис во кој се упатува пофалба за успехот што го постигнаа турските наоружани беспилотни летала (СИХА) на бојните полиња

1537616
Пофалба од „Вашингтон пост“ за турските наоружани беспилотни летала (СИХА)

Американскиот весник „Вашингтон пост“ (Washington Post) објави напис посветен на успехот што го постигнаа турските наоружани беспилотни летала (СИХА) на бојните полиња.

Весникот нагласи дека Турција го промени текот на граѓанската војна во Либија и стана причина за стопирање на нападите на сирискиот режим.

Во написот се привлекува внимание на значењето на турските наоружани беспилотни летала (СИХА) и во отворањето на патот пред доставувањето на хуманитарна помош во Либија, како и во успехот што го постигна Азербејџан против Ерменија.

Се истакнува дека како резултат на постигнатиот успех на турските наоружани беспилотни летала (СИХА) во војните, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган не ја зеде во предвид заканата на Соединетите Анмерикански Држави (САД) со санкции и го рече следното: „Имаме за цел да станеме земја која ќе нема потреба од никого.“

Освен тоа, во написот на „Вашингтон пост“ (Washington Post, им се одделува место и на следните зборови на Џејмс Џефри, поранешниот специјален претставник на САД за борба против ДЕАШ и поранешен амбасадор на САД во Анкара: „Надворешните операции на Турција ги спречија желбите на Русија коишто сакаше да ги постигне во Сирија и Либија. Ердоган ги плаши сите на Блискиот исток. Турскиот лидер е непредвидлив и многу одлучен.“



Слични вести