Меркел: „Враќањето на бродот Оруч Реис е добар предзнак“

Турција заслужува почит кон прашањето со бегалците. Ние мора да продолжиме да ја поддржуваме Турција.

1537235
Меркел: „Враќањето на бродот Оруч Реис е добар предзнак“

 

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека враќањето на бродот за сеизмолошки истражувања „Оруч Реис“ во пристаништето во Анталија е добар знак пред самитот на Европската унија (ЕУ).

Ангела Меркел, во говорот во рамките на примренето претседателствување на Германија со ЕУ, во врска со враќањето на бродот „Оруч Реис“ во пристаништето рече:

„Враќањето на Оруч Реис во турското пристаниште е добар знак пред самитот“.

Канцеларката Меркел изјави дека ова прашање ќе биде разгледано на самитот на 10-11 декември.

Нагласувајќи дека Турција  е домаќин на најголем број бегалци, Меркел во продолжение додаде:

„Навистина се соочивме со големи тешкотии на дебатите за бегалците во рамките на ЕУ. Турција заслужува почит кон ова прашање. Ние мора да продолжиме да ја поддржуваме Турција“.

Меркел, исто така ја повтори солидарноста со членките на ЕУ, Грција и Администрацијата на Кипарските Грци.



Слични вести