Азербејџанската војска своето знаме го постави во Лачин кој беше ослободен од окупација

Ерменската армија на 20 ноември се повлече од Агдам, на  25 ноември и од Келбеџер, а вчера и од Лачин

1537367
Азербејџанската војска своето знаме го постави во Лачин кој беше ослободен од окупација

 

Азербејџанските војници, кои влегоа во провинцијата Лачин, која Ерменија ја окупираше во 1992 година, по 28 години, поставија знаме во центарот на градот.

На снимката споделена од страна на Министерството за одбрана на Азербејџан, може да се види како командантот на војниците што влегоа во градот, обраќајќи му се на претседателот Илхам Алиев пред зградата каде што беше обесено знамето во Лачин, вели: „Почитуван команданте, азербејџанското знаме се вее во градот Лачин. Да живее Азербејџан. Да живее врховниот командант. Карабах е Азербејџан“.

По ослободувањето на 5 градски центри, 4 градови и 286 села во операцијата што ја започна азербејџанската армија на 27 септември, Ерменија го прифати поразот и потпиша договор со кој даде ветување за евакуација на окупираните провинции Агдам, Лачин и Келбеџер.

Ерменската армија на 20 ноември се повлече од Агдам, на  25 ноември и од Келбеџер, а вчера и од Лачин.



Слични вести