Во нападот на Боко Харам во Нигерија загинаа 110 земјоделци

Во реализиран напад од страна на терористичката организација Боко Харам во провинцијата Борно во североисточниот дел на Нигерија загинаа 110 лица, а голем број се ранети

1536736
Во нападот на Боко Харам во Нигерија загинаа 110 земјоделци

Во реализираниот напад викендот од страна на терористичката организација Боко Харам во провинцијата Борно во североисточниот дел на Нигерија загинаа 110 земјоделци, а голем број се ранети. 

Координаторот за хуманитарна помош на Обединетите нации (ОН) за Нигерија Едвард Калон во дадената изјава за претставниците на печатот, информира дека вчера од страна на терористите беше извршен напад врз земјоделците кои работеа на оризовите ниви во градчето Гарин Квашебе во провинцијата Борно.

Велејќи дека во нападот загинаа 110 лица, а голем број се ранети, Калон рече: „Овој напад е многу страотен. Го изразувам моето искрено сочувство до семејствата на загинатите цивили во овој безмилосен напад. На ранетите во нападот им посакувам побрзо оздравување.“

Истиот функционер истакна дека за време на нападот се киднапирани и голем број жени и упати повик Владата да стапи во акција за пронаоѓање на киднаперите.

Претседателот на Нигерија Мухамаду Бухари исто така го осуди нападот и рече: "Целата земја е ранета од овие бесмислени убиства.“

Од друга страна, во вестите објавени во националниот печат се наведува дека во нападот загинаа 44 лица.



Слични вести