Столтенберг: „Ќе продолжам со напорите за решавање на турско-грчкиот конфликт“

Продолжува загриженоста за развојот на случувањата во Источен Медитеран,

1537015
Столтенберг: „Ќе продолжам со напорите за решавање на турско-грчкиот конфликт“

 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече ќе продолжи да работи за изнаоѓање начини за решавање на споровите кои ќе бидат прифатливи за Турција и за Грција.

Столтенберг одржа прес-конференција пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, што ќе се одржи на 1-2 декември.

На едно прашање во врска со механизмите за процедури за разградување меѓу Грција и Турција воспоставени во НАТО, Столтенберг рече дека продолжува загриженоста за развојот на случувањата во Источен Медитеран, поради што вложуваат напори за спречување на конфликтите и намалување на напнатоста.

Столтенберг рече дека дознал дека бродот за сеизмолошки истражување „Оруч Реис“ се вратил на пристаништето во Анталија.

„Ова ќе помогне да се намали напнатоста и да се олесни напредокот во разградувањето.

Со формирањето комуникациска линија за спречување на инциденти и несреќи што се генерираат од механизмот воспоставен меѓу Турција и Грција, некои вежби беа откажани поради националните празници во двете земји.

На средбите понудив предлози како да го зајакнеме овој механизам и за намалување на ризикот од евентуални несреќи и инциденти. Мора да најдат начини и прифатливи решенија за двете страни, како за Турција така и за Грција. Затоа јас ќе продолжам да работам на оваа тема бидејќи за мене, кога станува збор за разлики важни разлики меѓу сојузниците, во врска со истите треба да се седне и да се разговара во НАТО, да се разгледаат споровите и да се покаже дека се нуди платформа за наоѓање позитивни чекори за решавање на споровите.

Процедурите за разградување меѓу Грција и Турција во НАТО ќе доведе до започнување на преговорите на кои ќе се дискутира за главните проблеми. Германија и некои други земји работат на ова прашање. НАТО не е дел од овие преговори, но силно ги поддржува истите“ рече Столтенберг.



Слични вести