Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 32 починати, 820 инфектирани

Во Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 820 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупниот број на инфектираните се зголеми на 61.543, а со уште 32 починати бројот на смртните случаи изнесува 1.731 лицe

1536484
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 32 починати, 820 инфектирани
İspanya koronavirüs Süper.jpg
super covid19 ingiltere
super covid19 fransa
super covid19 fransa
super covid19 abd new york
covid19 guney afrika
super covid19 fransa
Covid Süper.jpg
super covid19 4.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 465 илјади 181 лице, на случаите на зараза изнесува над 63 милиони 073 илјади, а досега оздравеа повеќе од 43 милиони 546 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД). Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 273 илјади 072 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 13 милиони 750 илјади 404.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 172 илјади 848 лица, а на случаите на зараза изнесува 6 милиони 314 илјади 740 лица. 

Во Мексико, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 105.655, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 107 илјади 071 лица.

Во Велика Британија, која е земја со најголем број починати во Европа, бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 58.245, а на инфектираните достигна до 1 милион 617 илјади 327 лица. 

Во Италија, со раст за уште 541 починат во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 54.094 лица, а со регистрирани 20.648 новозаразени бројот на случаите на зараза изнесува 1 милион 585 илјади 178 лица.

Во Франција, од Ковид-19 во изминатите 24 часа починаа 198 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 52.325, а за еден ден во земјата се регистрирани 9.748 новозаразени и бројот на случаите на зараза достигна 2 милиони 218 илјади 483 лица. Процентот на позитивни тестирања од Ковид-19 во Франција изнесува 11,1 отсто.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи во изминатите 24 часа со раст за уште 294 лица се искачи на вкупно 44.668, а на случаите на зараза со раст од 8.348 достигна до 1 милион 646 илјади 192 лица. 

Во Германија, се регистрирани 16.533 смртни случаи, а бројот а случаите на зараза достигна до вкупно 1 милион 055 илјади 607 лица.

Во Чешка, во изминатите 24 часа од Ковид-19 животот го загубија уште 87 лица и бројот на смртните случаи се зголеми на 8.054, а со регистрирани 2.665 новозаразени бројот на инфектираните изнесува 518.649 лица. Нивото на ризик во земјата од четврти е намалено на трети степен. Во Чешка, почнувајќи од четврток ќе бидат отворени сите работни места вклучувајќи го и секторот на услуги, рестораните ќе работат со половина капацитет, а воедно и во работните места ќе им се доставува услуга на одреден ограничен број на муштерии и клиенти. 

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се потврдени 32 починати, а се регистрирани 820 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19).

На тој начин вкупниот број на смртни случаи во Северна Македонија се зголеми на 1.731, а на инфектираните се искачи на 61.543 лица. 

Институтот за јавно здравје регистрира 895 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 38.400 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 21.412.

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 9 милиони 432 илјади 075 инфектирани е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 137.177 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 39.527, а на случаите на зараза изнесува 2 милиони 269 илјади 316 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 47.874 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 948.749. 

Во Ирак, бројот на починатите се зголеми на 12.224 лица, а на случаите изнесува 550.435.

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 8.025 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 398.024.

Во Саудиска Арабија, досега починаа 5.844, а се инфектирани 357.128 лица.

Во Израел, бројот на смртните случаи изнесува 2.864, а на инфектираните достигна до 335.598 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 51.813 лица, а на случаите на зараза достигна до 2 милиони 176 илјади 698.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 21.477, а потоа следуваат Египет со 6.636, Мароко 5.789, Тунис 3.219, Алжир 2.329, Етиопија 1.700, Кенија 1.452, Судан 1.235, Нигерија 1.173, Камерун 437 починати.

 

 



Слични вести