Шемхани: Беа добиени разузнавачки информации за атентатот но тие не беа земени за сериозно

Генералниот секретар на Високиот совет за национална безбедност на Иран Али Шемхани истакна дека биле добиени разузнавачки информации за атентатот врз иранскиот нуклеарен научник Мухсин Фахризаде, но рече дека тие не биле земени за сериозно

1536963
Шемхани: Беа добиени разузнавачки информации за атентатот но тие не беа земени за сериозно

Генералниот секретар на Високиот совет за национална безбедност на Иран Али Шемхани истакна дека безбедносните сили во земјата располагале со разузнавачки информации околу тоа дека ќе биде извршен атентат врз нуклеарниот научник Мухсин Фахризаде, меѓутоа тоа не било земено за сериозно.

Шемхани за време на погребната церемонија на Мухсин Фахризаде даде изјава за иранската државна телевизија, кадешто го рече следното: "20 години како непријателот беше по обид да го убие. Досега беа неуспешни. Иранските разузнавачки единици со чувствителност предвидуваа дека постои можност за напад врз Фахризаде. 20 години како во врска со Фахризаде имаше бројни разузнавачки информации за атентат, меѓутоа за жал не беше покажана неопходната сериозност и овојпат беа успешно тие."

Шемхани информира дека нападот бил извршен со крајно искомплициран метод со користење на електронски системи од далеку, без да се искористат луѓе. 

" Постојат некои знаци. Утврдено е минатото на планираните на оваа операција и од чија страна е извршена. Сигурно во оваа работа има улога организацијата Народни мунафици (муџахедини) и сигурно во позадината на ова убиство се наоѓаат ционистичкиот режим (Израел) и МОСАД." - рече генералниот секретар на Високиот совет за национална безбедност на Иран Али Шемхани. 



Слични вести