На протестите во Белорусија се притворени 250 лица

Протестирачите кои со усмерување преку еден забранет профил на социјалната медија поради вршење на терористичка пропаганда, се собраа во одделни групи во далечните периферни маала на главниот град Минск, извикуваа слогани против власта

1536508
На протестите во Белорусија се притворени 250 лица

Во Белорусија се притворени приближно 250 лица кои ги организираат протестите против власта во оваа земја.

Протестирачите кои со усмерување преку еден забранет профил на социјалната медија поради вршење на терористичка пропаганда, се собраа во одделни групи во далечните периферни маала на главниот град Минск, извикуваа слогани против власта.

Демонстрантите кои затворија некои патишта и го сопреа сообраќајот со интервенцијата на белоруската полиција беа притворени. Притоа трговските центри во областа за да ги спречат демонстрантите кои избегаа од интервенцијата на полицијата да влезат внатре за одредено време беа принудени да ги затворат своите врати.

Инаку, на одржаните претседателски избори во Белорусија на 9 август победи актуелниот претседател Александер Лукашенко, а веднаш потоа со тврдење за измама на изборите почнаа протести против власта.

На протестите во земјата коишто продолжуваат да се одржуваат секој викенд бројот на протестирачите кои ја бараат оставката на претседателот Лукашенко, во споредба на претходните недели, постепено се намалува.    



Слични вести