Атентатот врз иранскиот нуклеарен научник Фахризаде бил извршен со митралез на далечинско управување

Иранската новинска агенција „Фарс“ тврди дека иранскиот нуклеарен научник Мухсин Фахризаде кој беше жртва на атентат бил убиен со митралез на далечинско управување

1536885
Атентатот врз иранскиот нуклеарен научник Фахризаде бил извршен со митралез на далечинско управување

Почнаа да разјаснуваат деталите во врска со атентатот врз иранскиот научник Мухсин Фахризаде кој се сметаше за татко на нуклеарните активности во Иран.

Иранската новинска агенција „Фарс“ тврди дека атентатот врз иранскиот нуклеарен научник е извршен со митралез на далечинско управување, а воедно застанува во одбрана на тоа дека во овој напад на местото на случајот немаше човечки фактор од чија страна е извршен атентатот.

Според тврдењето, Мухсин Фахризаде во петокот (27 ноември) попладне заедно со својата сопруга, со својот блиндиран автомобил од Мазендеран патувал кон областа Демавенд. Притоа на неколку километри пред местото каде беше извршен атентатот едното од трите возила од обезбедувањето се одделило за контрола на местото на пристигнување.

По кусо време кај Абсерд бил отворен оган од далеку на возилото на Фахризаде кој пак помислил дека звукот од куршумот се слушнал од возилото поради што застанал и слегол од возилото.

Потоа со митралез на далечинско управување поставен на еден камион паркиран на крајот на патот бил отворен оган од далечина од приближно 150 метри. Три куршуми го погодиле Фахризаде. 

Неколку куршуми пак го погодиле неговиот телохранител кој се испречил пред иранскиот научник.

Камионот од кој било пукано со митралезот на далечинско управување потоа бил експлодиран со бомба исто така на далечинско управување. 

Телохранителот го загубил животот на местото на нападот, додека иранскиот нуклеарен научник кој бил тешко ранет починал во болница.

Иранското министерство за разузнавање информира дека се стекнале со нови информации во врска со извршителите на атентатот врз иранскиот нуклеарен научник Мухсин Фахризаде и дека наскоро ќе бидат соопштени.

Од друга стана, денеска во Техеран е погребан иранскиот нуклеарен научник Мухсин Фахризаде.



Слични вести