Во напад со возило бомба во градот Газне во Авганистан загинаа најмалку 23 лица, 16 мина се ранети
Во близина на зградата за јавна безбедност во градот Газне во Авганистан во која се наоѓале командоски единици е реализиран напад со возило бомба во кој загинаа најмалку 23 лица, а 16 мина се ранети
1536287

Во реализиран напад во возило бомба во градот Газне во Авганистан загинаа најмалку 23 лица, а 16 мина се ранети.
Според веста на „Tolo news“, портпаролот на гувернерот на Газне Вахидулах Џумазада истакна дека во близина на зградата за јавна безбедност во градот Газне е реализиран напад со возило бомба.
Џумазада инофмрира дека во нападот загинаа најмалку 23 лица, а 16 мина се ранети.
Во веста се истакнува дека нападот е извршен со оклопло возило од типот „Humvee“ кое било целосно наполнето со експлозив и дека во зградата пред која било експлодирано возилото се наоѓале командоски единици.
Одговорноста за нападот не ја презеде никој.