Жозеп Борел: Не може да се користи израз од видот „исламски тероризам“

Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел истакна дека не треба да се користи израз од видот “исламски тероризам“

1535986
Жозеп Борел: Не може да се користи израз од видот „исламски тероризам“

Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел говореше на заедничката прес-конференција што се одржа на крајот на 5. регионален форум на Унијата за Медитеран чиј домаќин беше шпанскиот град Барселона и беше одржан преку видео-конференција.

Борел во својот говор се спротивстави на користењето на името на исламската религија во терористичките акти коишто се реализираат и истакна дека терористичките активности треба да се држат одделно од исламот (да не се истоветуваат со исламот).

Тој рече: „Не може да се користи израз од видот 'исламски тероризам'.“ 

На едно поставено прашање, Борел го рече следното: „Извршителите на терористичките напади се лица родени во Франција, Германија, Европа. Тие не потекнуваат од Северна Африка туку од различни места на светот како Кавказ. Во терористичките напади коишто се случија во последно време во Франција и Австрија не треба да се бара врската причина-резултат. Тоа не е прашање поврзано со социо-економските разлики во Медитеранот.“

Велејќи „Исламот е религија и нема никаква врска со тероризмот“, Борел рече: „Терористичките акти треб ада се држат одделно од исламот. Не може да се користи израз од видот 'исламски тероризам'.“

Од друга страна, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел, привлече внимание дека расте социо-економската разлика помеѓу северот и југот на Медитеранот.

„Северниот дел на Меидтеранот е за 16 пати побогат во споредба со југот и оваа разлика не се намалу, напротив расте. И голем број проблеми произлегуваат од тоа.“ - констатира Борел.

 



Слични вести