Во експлозија на мина кај градот Фузули загинаа четворица азербејџански цивили

Во експлозија на мина поставена од страна на ерменските сили во селото Ашаги Сејитахметли кај градот Фузули загинаа четворица азербејџански цивили

1536077
Во експлозија на мина кај градот Фузули загинаа четворица азербејџански цивили

Во експлозија на мина поставена од страна на ерменските сили загинаа четворица азербејџански цивили.

Во објавеното соопштение од Главното јавно обвинителство на Азербејџан се истакнува дека возило налетало на поставена мина во селото Ашаги Сејитахметли кај градот Фузули кој беше ослободен од ерменска окупација на 21 октомври.

Во експлозијата загинаа четворица азербејџански цивили кои се наоѓале во возилото.

Како што се истакнува, експлодираната мина била поставена од страна на ерменските сили кои се повлекле од подрачјето и била антитенковска мина.



Слични вести