По изминати 27 години под окупација азербејџанското знаме поставено во центарот на градот Келбеџер

Министерството за одбрана на Азербејџан ги објави снимките од градот Келбеџер кој во согласност со потпишаниот договор за примирје помеѓу Азербејџан и Ерменија, на 25 ноември беше напуштен од страна на ерменските вооружени сили

1535868
По изминати 27 години под окупација азербејџанското знаме поставено во центарот на градот Келбеџер

Азербејџанските војници кои по изминати 27 години влегоа во градот Келбеџер кој во 1993 година беше окупиран од страна на Ерменија, го поставија азербејџанското знаме во центарот на градот.

Министерството за одбрана на Азербејџан ги објави снимките од градот Келбеџер кој во согласност со потпишаниот договор за примирје помеѓу Азербејџан и Ерменија, на 25 ноември беше напуштен од страна на ерменските вооружени сили.

На снимките се гледа дека се оштетени и запалени заградите и куќите во градот, а голем број дрвја се исечени.

Азербејџанските војници влегоа во едната од здравите згради во центарот на градот, го очистија теренот наоколу и на оваа зграда го поставија азербејџанското знаме.

Командантот на азербејџанските војници кои влегоа во градот Келбеџер, во одржаниот говор пред зградата обраќајќи му се на претседателот Илхам Алиев, го рече следното: „Господине Врховен командант, азербејџанското знаме се виори во градот Келбеџер. Да живее Азербејџан, Да живее Врховниот командант. Карабах е Азербејџан.“

Инаку, откако во операцијата којашто беше започната од страна на азербејџанската армија на 27 септември, беа ослободени од ерменска окупација 5 градови, 4 градчиња и 286 села, Ерменија го призна поразот и го потпиша договорот со кој вети дека ќе ги напушти градовите Агдам, Лачин и Келбеџер кои беа под окупација.

ерменија, во согласност со договорот за примирје на 29 ноември се повлече од градот Агдам, а на 25 ноември и од градот Келбеџер.

 



Слични вести