Захарова: Сме во контакт со Турција по прашањето на стабилноста во Нагорно Карабах

Марија Захарова, портпаролка на руското министерство за надворешни работи, истакна дека нејзината земја е во контакт со Турција по прашањето на стабилноста во Нагорно Карабах

1535629
Захарова: Сме во контакт со Турција по прашањето на стабилноста во Нагорно Карабах

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на одржаната неделна прес-конференција истакна дека со Турција освен соработката во различни сфери вклучувајќи ги и политичките и дипломатските наслови, се водат контакти и на воено ниво. 

Захарова рече дека нејзината земја е во контакт со Турција по прашањето на стабилноста во Нагорно Карабах.

"Секако, во која насока ќе биде тоа, се определува од страна на претседателите кои редовно ја разгледуваат (разговараат за) ситуацијата во регионот." - рече Захарова.

Инаку, рускиот претседател Владимир Путин, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан на 10 ноември потпишаа договор за стопирање на судирите во Нагорно Карабах.

Во договорот се предвидува Русија во должина на фронтовата линија и коридорот Лачин да располага со 960 војници наоружани со лесно оружје, 90 оклопни транспортери, 380 автомобили и возила. 

Потоа, на остварената средба помеѓу министерот за национална одбрана Хулуси Акар и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на 11 ноември беше потпишан записник за соработка за формирање на заеднички турско-руски центар за набљудување од чија страна ќе се контролира примирјето во Нагорно Карабах.



Слични вести