Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 42.324.000

1535342
Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот изнесува над 1.436.000. Бројот на заразени со вирусот надмина 61.221.000, додека бројот на оздравените изнесува над 42.324.000.

Со смртта на уште 498 луѓе во последните 24 часа поради вирусот во Велика Британија, вкупниот број на луѓето коишто ги загубија животите во оваа земја се зголеми на 57.031. Со 17.555 новоинфектирани случаи, бројот на заразени се зголеми на 1.574.562.

Во последните 24 часа поради епидемијата на Ковид-19 во Италија умреа уште 822 лица, така што вкупниот број на луѓето кои ги загубија животите се зголеми на 52.850. Бројот на заразените лица со вирусот се зголеми за уште 29.003 и достигна 1.509.875.

Во Франција, во последните 24 часа поради Ковид-19 во болниците умреа 340 лица. Вкупниот број  на смртните случаи од Ковид-19 во оваа земја се зголеми на 50.957. Со 13.563 нови случаи регистрирани за еден ден, бројот на заразени се зголеми на 2.183.660.

Во Шпанија, со смртта на уште 337 лица во последниот ден од Ковид-19, вкупниот број на луѓето кои ги загубија животите се зголеми на 44.374. Во истиот период, бреа регистрирани 12.289 инфектирани случаи, така што вкупниот број на заразени се зголеми на 1.617.355.

Министерство за здравство на Португалија соопшти дека во последните 24 часа од Ковид-19 во земјата умреле уште 82 лица и биле регистрирани 6.383 нови случаи. Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 4.209, а бројот на заразени на 280.394.



Слични вести