Џејхун Бајрамов: Повторно се воспоставени територијалниот интегритет и суверенитет на Азербејџан

Азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов истакна дека Ерменија ги повлече своите вооружени сили од азербејџанските територии и со тоа повторно се воспоставени територијалниот интегритет и суверенитет на Азербејџан

1535692
Џејхун Бајрамов: Повторно се воспоставени територијалниот интегритет и суверенитет на Азербејџан

Министерот за надворешни работи на Азербејџан Џејхун Бајрамов говореше на 42. состанок на Советот за надворешни работи на Организацијата за црноморска економска соработка (ОЦЕС) кадешто нагласи дека потпишаната декларација меѓу Азербејџан, Ерменија и Русија повторно го воспостави територијалниот интегритет на Азербејџан.

Бајрамов информира дека во решавањето на проблемот Нагорно Карабах е влезено во фаза на преструктуирање, рехабилитација и соживот во мир.

Тој истакна дека Ерменија ги повлече своите вооружени сили од азербејџанските територии и со тоа повторно се воспоставени територијалниот интегритет и суверенитет на Азербејџан.

Потсетувајќи дека во регионот на судирите се распоредени мировни сили и ќе се формира заеднички центар за следење на прекинот на огнот, Џејхун Бајрамов рече: „Во решавањето на судирите влеговме во фаза на преструктуирање, рехабилитација и соживот во мир. Се појавуваат нови можности за развој и соработка и Организацијата за црноморска економска соработка (ОЦЕС) треба да направи проценка на новите вистини и да ги искористи истите.“

Бајрамов напомена дека според потпишаната тројна декларација ќе бидат отворени сите економски и транспортни линии во регионот, а воедно го додаде следното: „Тоа, значи дека помеѓу Азија и Африка ќе може да се отвори независен копнен коридор кој ќе создаде можности за зајакнување на улогата на нашиот регион во трговијата  и кој е од животно значење.“



Слични вести