Азербејџан и врачи нота на Франција

Францускиот амбасадор Грос истакна дека нотатат на Азербејџан ќе им ја достави на надлежни органи во неговата земја

1535297
Азербејџан и врачи нота на Франција

 

Азербејџан и врачи нота на Франција поради одлуката на францускиот Сенат за признавање на таканаречената Република Нагорно-Карабах.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи на Азербејџан, францускиот амбасадор во Баку, Захарие Грос, бил повикан во Министерството и му била врачена протестна нота на Азербејџан.

Амбасадорот Грос истакна дека нотата на Азербејџан ќе им ја достави на надлежни органи во неговата земја.

Претходниот ден, Францускиот Сенат ја одобри одлуката со која се признава таканаречената Ерменска управа во Нагорно Карабах.



Слични вести