Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 39 починати, 1.288 нови случаи

Во Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 1.288 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупниот број на инфектираните се зголеми на 57.451, а со уште 39 починати бројот на смртните случаи изнесува 1.600 лица

1534423
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 39 починати, 1.288 нови случаи
super covid19 ingiltere
covid19 arjantin.jpg
super covid19 ingiltere
super covid19 fransa
super covid19 fransa
super covid19 abd new york
covid19 guney afrika
super covid19 fransa
super covid19 4.jpg
super covid19 2.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 426 илјади 840 лица, на случаите на зараза изнесува над 60 милиони 721 илјада, а досега оздравеа повеќе од 42 милиони 032 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД). Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 268 илјади 219 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 13 милиони 137 илјади 962.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 170 илјади 799 лица, а на случаите на зараза изнесува 6 милиони 166 илјади 898 лица. 

Во Мексико, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 103.597, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 070 илјади 487 лица.

Во Велика Британија, која е земја со најголем број починати во Европа, бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 56.533, а на инфектираните достигна до 1 милион 557 илјади 007 лица. 

Во Италија, со раст за уште 722 починати во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 52.028 лица, а со регистрирани 25.853 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 1 милион 480 илјади 874 лица.

Во Франција, од Ковид-19 во изминатите 24 часа починаа 381 лице со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 50.618, а за еден ден во земјата се регистрирани 16.282 новозаразени и бројот на случаите на зараза изнесува до 2 милиони 170 илјади 097 лица.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи се искачи на 44.037, а на случаите на зараза на 1 милион 622 илјади 632 лица. 

Во Германија, се регистрирани 15.381 смртни случаи, а бројот а случаите на зараза достигна до вкупно 983.731 лице.

Во Северна Македонија, во изминатите 24 часа се потврдени 39 починати, а се регистрирани 1.288 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19).

На тој начин вкупниот број на смртни случаи во Северна Македонија се зголеми на 1.600, а на инфектираните се искачи на 57.451 лице. 

Институтот за јавно здравје регистрира 1.078 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 34.970 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 20.881.

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 9 милиони 266 илјади 705 инфектирани е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 135.261 лице.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 37.538, а на случаите на зараза изнесува 2 милиони 162 илјади 503 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 46.207 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 894.385. 

Во Ирак, бројот на починатите се зголеми на 12.086 лица, а на случаите изнесува 542.187.

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 7.843 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 386.198.

Во Саудиска Арабија, досега починаа 2.825, а се инфектирани 356.067 лица.

Во Израел, бројот на смртните случаи изнесува 2.826, а на инфектираните достигна до 331.915 лица.

Според податоците на палестинското Министерство за здравство, во Газа која се наоѓа под израелска блокада досега од Ковид-19 починаа 78 лица, а бројот на случаите на зараза достигна до 17 илјади.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека се соочуваат со тешкотии во обезбедување на кислород за заболените пациенти од коронавирусот. 

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 50.736 лица, а на случаите на зараза достигна до 2 милиони 120 илјади 356.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 21.201, а потоа следуваат Египет со 6.585, Мароко 5.539, Тунис 2.983, Алжир 2.329, Етиопија 1.664, Кенија 1.417, Судан 1.210, Нигерија 1.169, Камерун 437 починати.

 

 

 



Слични вести