Муслиманите и натаму цел на санкционирање во Франција

Споделувањето објави и идеите на имамите кои работат во џамијата ја обврзуваат администрацијата на џамијата

1535062
Муслиманите и натаму цел на санкционирање во Франција

 

Врховниот административен суд на Франција, со судска одлука го одобри затворањето на џамијата Пантин за 6 месеци.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Врховниот административен суд беше наведено дека коментарите и идеите на имамот на џамијата Пантин кои ги објави преку  социјалните мрежи, предизвикаа провокација, поради што одлуката на релевантниот суд суд беше одобрена со образложение дека е оправдана загриженоста дека местото за богослужбата е поврзано со ризик од тероризам, насилство, омраза или дискриминација.

Во соопштението беше забележано дека споделувањето објави и идеите на имамите кои работат во џамијата ја обврзуваат администрацијата на џамијата и дека во случај администрацијата на џамијата преземе чекори за подобрување на состојбата, тогаш постои можност џамијата повторно да се отвори за богослужба.

Од друга страна, министерот за внатрешни работи Жерал Дарманен во објавата преку својот профил на Твитер истакна дека одлуката на Советот на министри за затворање на муслиманската невладина организација „БаракаСити“, за која тврди дека предизвикува омраза и дека била поврзана со радикални исламистички движења, беше одобрена од страна на Врховниот административен суд на Франција.



Слични вести