Францускиот Сенат побара од Владата да ја признае т.н. „Република Нагорно Карабах“

Францускиот Сенат (Горниот дом на францускиот Парламент) со 305 гласа „за“, еден глас „против“ и 30 воздржани усвои предлог-резолуција со која се бара од Владата да ја признае таканаречената „Република Нагорно Карабах“

1534453
Францускиот Сенат побара од Владата да ја признае т.н. „Република Нагорно Карабах“

Францускиот Сенат (Горниот дом на францускиот Парламент) усвои предлог-резолуција со која се бара од Владата да ја признае таканаречената „Република Нагорно Карабах“.

Оваа предлог-резолуција со симбилично значење беше усвоена со 305 гласа „за“ и еден глас „против“, додека 30 сенатори беа воздржани.

Во усвоената предлог-резолуција се бара Франција да им достави хуманитарна помош на Ерменците и да побара да се поведе меѓународна истрага во врска со како што се наведува „воените злосторства“ извршени во Нагорно Карабах.

Во предлог-резолуцијата се вели дека треба да се заштити верското и културното наследство на Ерменците и да им се помогне на раселените лица во Нагорно Карабах за нивно повторно враќање во своите домови

Воедно се упатува повик до француската Влада да ја признае таканаречената „Република Нагорно Карабах“.

Меѓутоа , и покрај тоа што францускиот Сенат (Горниот дом на францускиот Парламент) ја усвои предлог-резолуцијата за признавање на  таканаречената „Република Нагорно Карабах“, во потпишаниот договор за прекин на огнот помеѓу Азербејџан и Ерменија не се наоѓа одреден елемент со којшто се определува статусот на Нагорно Карабах.

Според Обединетите нации (ОН) пак, Нагорно Карабах е територија на Азербејџан.

Исто така, Франција, која е една од земјите копретседатели на Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ),  се критикува поради тоа што ја изгуби својата неутралност во проблемот Нагорно Карабах и поради тоа што и дава поддршка на Ерменија.

 



Слични вести