За прв пат една Турчинка меѓу делегатите кои ќе го изберат новиот претседател на САД

Дерја Ташкин, турска бизнисмени, стана првиот турски делегат меѓу 538 делегати кои ќе го изберат новиот претседател на Соединетите Американски Држави (САД)

1533973
За прв пат една Турчинка меѓу делегатите кои ќе го изберат новиот претседател на САД

Бизнисменката Дерја Ташкин која живее во сојузната држава Њу Џерси во Соединетите Американски Држави (САД), стана прва Американка од турско потекло која е задолжена во име на Демократската партија како членка на Изборниот колеџ составен од 538 делегати (електори) кои ќе го изберат и официјално претседателот на државата.

Дерја Ташкин е избрана за една од 14 делегати кои ќе гласаат од сојузната држава Њу Џерси за претседателот Џо Бајден и неговата помошничка Камала Харис, кои победија на одржаните избори во САД на 3 ноември.

Дерја Ташкин во својата проценка во врска со турско-американските односи истакна дека  не мисли дека откако Џо Бајден ќе го преземе претседателскиот мандат ќе се појави одреден проблем во односите помеѓу двете земји.

Таа рече: „Бидејќи тие се две силни сојузници, НАТО партнери. Бајден знае колку е значаен НАТО.“

Нагласувајќи дека Турција е силна земја, Дерја Ташкин го рече следното: „Турција е НАТО сојузник, кој и да дојде не може да го изостави тоа од вид.“ 

 



Слични вести