Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на оздравените од Ковид-19 се зголеми на 41.667.000

1534272
Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

 

Бројот на смртните случаи поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) достигна еден 1.417.000. Бројот на заболените од вирусот изнесува 60.233.000 илјади, а бројот на оздравените 41.667.000.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Соединетите Американски Држави (САД) изнесува 265.972. Бројот на заразените во земјата е регистриран на 12.957.000.

Со смртта на уште 608 луѓе во последните 24 часа поради вирусот во Велика Британија, вкупниот број на луѓето кои ги загубија животите се зголеми на 55.838. Со 11.299 нови случаи, бројот на заразените изнесува 1.538.794.

Во Италија, во последните 24 часа поради епидемијата починаа уште 853 лица, на тој начин вкупниот број на луѓето кои ги загубија животите се зголеми на 51.306. Бројот на заразените со вирусот се зголеми за уште 23.232 и изнесува 1.455.022.

Во Франција, во последните 24 часа поради Ковид-19 во болниците умреа уште 458 лица, додека бројот на возрасните кои умреа во домовите за згрижување стари лица во последните 4 дена изнесува 551 лице. Вкупниот број на смртните случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 50.237. Со регистрирани 9.155 нови случаи за само еден ден, бројот на заразени се зголеми на 2.153.815. Претседателот Емануел Макрон најави дека како дел од борбата против епидемијата, од 15 декември ќе се укине целодневниот полицискиот час низ целата земја и ќе се применува од 21.00 до 07.00 часот по локално време. Макрон изјави дека полицискиот час нема да важи освен за Божиќ и новогодишната ноќ, односно на 24 и 31 декември. Макрон рече дека кината, театрите и ноќните клубови ќе останат затворени, додека спортските сали и рестораните, во зависност од ситуацијата на епидемијата ќе може да се отворат на 20 јануари.

Во Германија поради епидемијата починаа 410 лица, што е најголем број на смртни случаи за еден ден од април наваму. Вкупниот број на смртни случаи како резултат на Ковид-19 се искачи на 14.771. Бројот на заразени случаи се зголеми на 961.320.

Поради Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил починаа 630 лица, во Мексико 813, во Аргентина 311, во Колумбија 198, во Перу 44, во Еквадор 39 и во Чиле 25 лица. Според последните податоци, вкупниот број на смртни случаи од вирусот во Бразил се зголеми на 170.179, во Мексико на 102.739, во Аргентина на 37.432, во Колумбија на 35.677, во Перу на 35.685, во Еквадор на 13.264, во Чиле на 15.131.

Во Бугарија, каде што досега поради Ковид-19 животите ги загубија 3.226 лица и 129.348 лица беа заразени, владата ги зголеми мерките против епидемијата кои се предвидува да се спроведат од 27 ноември до 21 декември. Соодветно на тоа, сите образовни институции во земјата ќе преминат на далечинско учење и трговските центри ќе бидат затворени. Рестораните ќе обезбедат пакет услуги до домовите. Освен театрите, ќе бидат забранети сите други културно-уметнички активности. Продавниците за храна, аптеките и местата за богослужба што ги исполнуваат основните потреби на луѓето нема да бидат затворени.



Слични вести