По 27 годишна ерменска окупација, азербејџанската армија влезе во Келбеџер

На фотографиите и снимките објавени на социјалните медиуми и руските новински портали, се гледа како Ерменците кои живеат во различни региони на Келбеџер, пред да ги напуштат домовите ги палат куќите, училишта, јавните згради и дрвјата

1533829
По 27 годишна ерменска окупација, азербејџанската армија влезе во Келбеџер

 

По 27 годишна ерменска окупација, азербејџанската армија влезе во Келбеџер.

Со договорот потпишан меѓу Азербејџан и Ерменија, заклучно со 10 ноември, престанаа конфликтите во Нагорно Карабах, а Ерменија го призна поразот наспроти Азербејџан.

Според договорот, Ерменија прифати и се согласи да се повлече од 7 региони во Нагорно Карабах.

Од Ерменија беше побарано Келбеџер да го предаде до 15 ноември, но поради географските услови во регионот и ограничените можности за транспорт, на барање на Ереван овој период беше продолжен до 25 ноември.

На фотографиите и снимките објавени на социјалните медиуми и руските новински портали, се гледа како Ерменците кои живеат во различни региони на Келбеџер, пред да ги напуштат домовите ги палат куќите, училишта, јавните згради и дрвјата, а некои објекти и уништуваат.

Бидејќи синоќа истече дополнителниот период даден на ерменската страна, азербејџанската армија влезе во Калбеџер.



Слични вести