Алиев: На западните средини им препорачувам да погледнат кон срушените џамии во Агдам, Шуша, Зенгилан, Џебраил и Фузули

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, на одредени западни средини кои ја изнесуваат својата загриженост во врска со христијанските објекти во регионот им препорача да погледнат кон срушените џамии во градовите Агдам, Шуша, Зенгилан, Џебраил и Фузули

1534284
Алиев: На западните средини им препорачувам да погледнат кон срушените џамии во Агдам, Шуша, Зенгилан, Џебраил и Фузули

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во своето обраќање до нацијата коешто го одржа по повод ослободувањето од окупација на градот Келбеџер истакна дека Келбеџер кој е историска територија на Азербејџан, е едниот од најголемите градови на земјата.

Нагласувајќи дека црквите и џамиите во Келбеџер се историско богатство на Азербејџан, Алиев објасни дека овдешните цркви датираат од периодот на државата Кавкаска Албанија и дека како што ги нарече „измамниците ерменски историчари“ се обидуваат овие верски објекти да ги прикажат како да им припаѓаат ним.

Алиев, на одредени западни средини кои ја изнесуваат својата загриженост во врска со христијанските објекти во регионот им препорача да погледнат кон срушените џамии во градовите Агдам, Шуша, Зенгилан, Џебраил и Фузули.

„Овие џамии или беа оштетени или беа користени како штали за свињи. Зошто оваа состојба не предизвикуваше загриженост? Зошто освен нас 30 години никој не го постави на дневен ред прашањето? Ова прашање бројни пати го поставив на дневен ред на меѓународни состаноци и на остварени средби со моите странски колеги. Зошто никој не беше загрижен од тоа? Зошто никој не посака да испрати меѓународна делегација по ова прашање? Азербејџанскиот народ баеа одговор на овие прашања. Одговорот го знаеме. Затоа оние кои сакаат да се мешаат во нашата работа или да не обвинуваат првенствено треба да се погледнат самите во огледалото.“

Информирајќи дека областа на градот Келбеџер располага со маѓепсувачка природа и богато културно наследство, Алиев воедно истакна дека Ерменија го промени течението на реките коишто поминуваат оттука и со тоа изврши терор против животната средина. 

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев нагласи дека ќе бидат наново изградени сите области коишто се ослободени од окупација.

„Келбеџер ќе го изградиме наново. Непријателот срушил сѐ наоколу. Сите ќе ги изградиме наново. Непријателот во Келбеџер извршил и незаконско населување. На некој начин биле населени таму луѓе од Ерменија и од странски земји. Тоа, според Женевската конвенција е воено злосторство. Од непријателот ќе побараме сметка поради сите воени злосторства, сите рушења. Ќе ги заживееме сите ослободени градови и области. Имаме големи планови за изградба наново на овие области.“  - рече Алиев. 



Слични вести