Во експлозија во Ал Баб на северот на Сирија загинаа најмалку 5 цивили

Во експлозија на бомба поставена во возило во Ал Баб на северниот дел на Сирија загинаа најмалку 5 цивили, а 18 мина се ранети и се стравува од зголемување на бројот на загинатите

1533443
Во експлозија во Ал Баб на северот на Сирија загинаа најмалку 5 цивили

Во експлозија на бомба поставена во возило во градчето Ал Баб во северниот дел на Сирија, животот го загубија најмалку 5 цивили, а 18 мина се ранети.

Противпожарните екипи кои дојдоа на местото на настанот интервенираа на пожарот што се појави по експлозијата. 

Ранетите лица во нападот беа префрлени во болниците во Ал Баб.

Се стравува од зголемување на бројот на загинатите.

Во експлозијата се оштетени и доведени во неупотреблива состојба голем број возила. 

Локалните безбедносни сили стојат на можноста дека нападот е извршен од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

 



Слични вести