Во градот Терхуне во Либија пронајдена уште една масовна гробница
Директорот за пребарување и утврдување на исчезнатите во Либија Лутфи Тевфик истакна дека екипите во новопронајдената масовна гробница во Терхуне откриле две мртви тела и дека работите продолжуваат и оваа бројка би можела да се зголеми

Пронајдена уште една масовна гробница во градот Терхуне кој во јуни од страна на либиската армија беше ослободен од милициските сили на Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија.
Директорот за пребарување и утврдување на исчезнатите во Либија Лутфи Тевфик истакна дека екипите во новооткриената масовна гробница во Терхуне откриле две мртви тела и дека работите продолжуваат и оваа бројка би можела да се зголеми.
Инаку, во рамките на операцијата „Бура на мирот“ која беше започната од страна на либиската армија на 25 март, на 3 јуни беше воспоставената контролата на целата територија во административните граници на главниот град Триполи, а на 5 јуни беше воспоставена контролата и во градот Терхуне.
По ослободувањето на градот Терхуне кој од страна на милициските сили на Хафтар за време на 14 месечните напади врз главниот град Триполи беше користен како оперативен центар и центар за снабдување, либиските власти во градот и околината пронајдоа голем број масовни гробници со голем број мртви тела.
Слични вести

Лавров одговори на реакциите на западниот свет во врска со Навални
Реакциите на западниот свет се обид за прикривање на внатрешните кризи во овие земји