Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 35 починати, 387 нови случаи

Во Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 387 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупниот број на инфектираните се зголеми на 55.127, а со уште 35 починати бројот на смртните случаи изнесува 1.546 лица

1533041
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 35 починати, 387 нови случаи
super covid19 ingiltere
super covid19 abd new york
Covid-19.jpg
super covid19 fransa
super covid19 abd

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 402 илјади 032 лица, на случаите на зараза изнесува над 59 милиони 516 илјади, а досега оздравеа повеќе од 41 милион 157 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 263 илјади 687 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 12 милиони 777 илјади 174.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 169 илјади 541 лице, а на случаите на зараза изнесува 6 милиони 088 илјади 004 лица. 

Во Мексико, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 101.926, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 049 илјади 358 лица.

Во Велика Британија, која е земја со најголем број починати во Европа, бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 55.230, а инфектираните достигна до 1 милион 527 илјади 495 лица. 

Во Италија, со раст за уште 630 починати во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 50.453 лица, а со регистрирани 22.930 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 1 милион 431 илјада 795 лица. Советникот на Министерството за здравство Валтер Ричиарди истакна дека во последниот еден месец се заразени од Ковид-19 27 илјади лекари и медицински сестри и го рече следното: „Во моментов притисокот врз болниците во Италија е ужасен.“ 

Во Франција, од Ковид-19 во изминатите 24 часа починаа 501 лице со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 49.232,а за еден ден во земјата се регистрирани 4.452 новозаразени и бројот на случаите на зараза изнесува до 2 милиони 144 илјади 660 лица.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи се искачи на 43.131, а на случаите на зараза на 1 милион 606 илјади 905 лица. 

Во Германија, се регистрирани 14.583 смртни случаи, а бројот а случаите на зараза достигна до вкупно 946.648 лица.

Во Северна Македонија, во изминатите 24 часа се потврдени 35 починати, а се регистрирани 387 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19). На тој начин вкупниот број на смртни случаи во Северна Македонија се зголеми на 1.546, а на инфектираните се искачи на 55.127 лица. 

Институтот за јавно здравје регистрира 528 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на оздравени лица од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 32.894.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија е 20.687 лица.

 



Слични вести