Гебрејесус: Светлината на крајот на овој долг, мрачен тунел (Ковид-19) станува сè посветла

Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус рече: „Со последните позитивни вести коишто пристигнуваат од испитувањата на вакците (против новиот тип коронавирус Ковид-19), светлината на крајот на овој долг, мрачен тунел станува сè посилна.“

1533016
Гебрејесус: Светлината на крајот на овој долг, мрачен тунел (Ковид-19) станува сè посветла

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус, во седиштето на организацијата во швајцарскиот град Женева одржа неделен состанок за печатот преку видео-конференција на кој рече: „Со последните позитивни вести коишто пристигнуваат од испитувањата на вакците (против новиот тип коронавирус Ковид-19), светлината на крајот на овој долг, мрачен тунел станува сè посилна.“

Изразувајќи го задоволството што го чувствува од позитивните вести коишто пристигнуваат од работите за развивање вакцина против Ковид-19, Гебрејесус предупреди дека брзината во развојот на вакцината треба да се покаже и во праведната дистрибуција.

Тој нагласи дека ниту една вакцина досега во историјата не е развиена толку брзо како сега и го рече следното. „Со последните позитивни вести коишто пристигнуваат од тестирањата на вакцините (против новиот тип коронавирус Ковид-19), светлината на крајот на овој долг, мрачен тунел станува сè посилна. Во моментов постои вистинска надеж дека вакцините, тестирани, испробани и комбинирани со други докажани методи и мерки за јавно здравје, ќе помогнат да стават крај на пандемијата.“

Појаснувајќи дека научниците достигнаа до еден нов стандард по прашањето на развивање на вакцина, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус рече: „Сега и меѓународната заедница мора да постави нов стандард за пристап до вакцините.“
 



Слични вести