Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев: Нашите историски дела се под заштита на државата

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев беше во посета и обиколка на градот Агдам кој е ослободен од ерменска окупација

1533517
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев: Нашите историски дела се под заштита на државата

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев вчера заедно со својата сопруга Михрибан Алиева го посети градот Агдам кој е ослободен од окупација. 

Алиев овде беше во посета и обиколка и на историската џамија како единствена градба чиј главен дел останал здрав. 

Во говорот што го одржа овде претседателот Алиев истакна дека ги заштитуваат сите историски дела во областите коишто што се ослободени од ерменска окупација.

Алиев рече дека е многу болно да се види срушен градот Агдам.

Привлекувајќи внимание дека на чело на земјите од чија страна им е дадена политичка и духовна поддршка во текот на војната се наоѓа Турција и лично претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Алиев воедно истакна дека добија поддршка и од неколку други земји.

Тој напомена дека некои западни лидери го поставуваат на дневен ред прашањето што ќе биде со христијанските верски објекти во областите коишто Азербејџан ги ослободи од окупација и дека притоа и на одржаните разговори со него и во своите официјални изјави ја изнесуваат својата загриженост по ова прашање. 

Алиев рече: „Никој не треба да биде загрижен, а особено западните лидери кои ги разгоруваат особено исламофобичните чувства. Ги изоставуваат од вид навредите против светите исламски вредности, па дури ги оправдуваат оние кои изнесуваат навреди. Тие немаат право да зборуваат по ова прашање. Освен тоа, сите верски објекти на нашите територии се наше историско богатство.“

„Зарем нас ќе не критикуваат оние кои ги затвораат џамиите? Зарем нам ќе ни одржуваат лекција и ќе ни ги доставуваат своите грижи тие кои во џамиите фрлаат свински глави? Нема потреба до нас да се доставуваат (изнесуваат) никакви грижи. Сите наши историски дела се под заштита на државата.“ - порача Алиев. 

Велејќи дека за време на ерменската окупација се разрушени голем број џамии на Азербејџанците и дека некои џамии се користени и како штала за свињи, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го рече следното: „Зошто оваа состојба не ги загрижи некои западни лидери? Значи според нив може да се упатуваат навреди против џамиите, џамиите можат да се рушат, можат да се претворат во штала за свињи. Ако е така нека го кажат тоа и нека одат да се бават со проблемите во  нивните земји. Никој да не ни се меша во нашите работи. Ние самите (со свои можности) дојдовме овде. И покрај сите обиди, провокации на овие земји, со крвопролевање дојдовме на нашите сопствени територии. Секој нека оди да се бави со својата работа.“

 



Слични вести