Во Дера свирепо убиени 98 лица

Сирискиот режим со посредство на Русија го прекрши Договорот од Дера постигнат во 2018 година

1532255
Во Дера свирепо убиени 98 лица

 

Сирискиот режим со посредство на Русија го прекрши Договорот од Дера постигнат во 2018 година и во последните две години свиепо уби 98 воени противници, што претставува кршење на договорот.

98-те лица, меѓу кои се наоѓаа и околу 40 поранешни војници кои со започнувањето на граѓанската ја напуштија армијата на режимот на Асад, согласно договорот сакаа да го искористат правото за помирување, но за жал беа уапсени и убиени со измачување.

Продолжува притворот на десетици граѓани на Дерала, кои се обратија до режимот за да го искористат правото од примирјето објавено во 2018 година.

На 20 јуни 2018 година, режимот и неговите приврзаници со воздушна поддршка на Русија започнаа воена операција против дисидентите во Дера. Русија и воени дисиденти на 6 јули 2018 година постигнаа консензус за договор за постојан прекин на огнот, кој ги опфати областите во јужна Сирија.

Договорот исто така вклучуваше член со кој се предвидуваше поранешните војници и цивилите кои сакаат да постигнат компромис со режимот да можат да го искористат „правото на амнестија“.



Слични вести