САД се повлекоа од „Договорот за отворено небо“

САД повеќе не се договорна страна во договорот

1532257
САД се повлекоа од „Договорот за отворено небо“

САД се повлекоа од „Договорот за отворено небо“

Вчера Администрацијата на Соединетите Американски Држави (САД) се повлече од Договорот за отворено небо, кој ја регулира контролата на оружјето со Русија.

Кејл Браун, заменик-портпарол на Стејт департментот, во писмена изјава потсети на одлуката на администрацијата на Доналд Трамп од 22 мај 2020 година за повлекување од Договорот и рече:

„Со истекот на 6-месечниот временски рок потребен за спроведување на одлуката, повлекувањето на САД од Договорот за отворено небо стапи на сила од 22 ноември 2020 година. САД повеќе не се договорна страна во договорот“.

Русија и Соединетите Американски Држави се меѓу 34-те земји кои го потпишаа Договорот за отворено небо, со кој се дава одобрение на невооружени извидувачки летови со што се поттикнува транспарентноста во воените активности, контролата над оружјето и набљудувањето на другите договори.

Турција исто така се наоѓа меѓу земјите потписнички на Договорот за отворено небо од 1992 година со кој се предвидуваше градење на доверба и мерките за безбедност на териториите на земјите членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).



Слични вести