Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Bројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 40.821.000.

1532661
Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи од новиот вид на коронавирус (Ковид-19) во светот изнесува над 1.394. 782. Бројот на заразените со вирусот изнесува над 59,056.000, а бројот на оздравените над 40.821.000.

Бројот на смртните случаи во Соединетите Американски Држави (САД) поради Ковид-19 се зголеми на 262.701, а бројот на заразени лица на 12.589.088. Вакцинацијата против Ковид-19 во земјата се очекува да започне најрано на 13 декември и тоа најпрво на здравствени работници. И покрај предупредувањата за патување поради зголемените случаи во последните неколку недели, голем број луѓе кои направија план за одмор за Денот на благодарноста навалија кон аеродромите. Имено за викендот на аеродромите во САД беа утврдени над 2 милиони луѓе.

Со смртта на уште 215 лица во последните 24 часа во Франција поради вирусот, борјот на лицата коишто ги загубија животите се зголеми на 48.732. Бројот на заразените со вирусот се зголеми за уште 13,157 и вкупно изнесува 2.140.208.

Бројот на смртните случаи предизвикани од вирусот Ковид-19 во некои други земји во светот е како што следува:

„Бразил (169.197), Мексико (101.676), Англија (55.024), Италија (49.823), Шпанија (42.619), Аргентина (37.002), Перу (35.595), Колумбија (35.287), Белгија (15.618), Чиле (15.69), Германија (14.343), Полска (13.618), Еквадор (13.201), Канада (11.455), Украина (10.951) и Романија (10.047) “.



Слични вести