Висока руска делегација на разговори во Азербејџан за ситуацијата во Нагорно Карабах

Висока руска делегација која допатува на разговори во Баку за ситуацијата во Нагорно Карабах беше примена кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев

1531988
Висока руска делегација на разговори во Азербејџан за ситуацијата во Нагорно Карабах

Висока делегација на руската влада допатува во Баку на разговори во врска со ситуацијата во Нагорно Карабах по постигнатиот договор со кој се прекинати судирите помеѓу Азербејџан и Ерменија.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ја прими руската делегација составена од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, вицепремиерите Александар Новак и Алексеј Оверчук, министерот за здравство Михаил Мурашко и шефот на сервисот за човеково здравје и одбрана на правата на потрошувачите на Русија Ана Попова. 

Според објавеното соопштение од кабинетот на претседателството на Азербејџан, претседателот Илхам Алиев на приемот истакна дека потпишаната трилатерална декларација од страна на Азербејџан, Ерменија и Русија претставува значаен чекор од аспект на воспоставувањето на здравиот и долгорочен мир во регионот.

Алиев нагласи дека рускиот претседател Владимир Путин презеде значајна улога во воспоставувањето на прекинот на огнот, а воедно рече дека се ценат и придонесите коишто ги нуди претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган за безбедноста на регионот.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека му придаваат значење на тоа што азербејџанскиот претседател Илхам Алиев секогаш го нагласува прашањето за компромис во регионот и рече дека е сигурен во тоа оти сите активности коишто ќе се реализираат во регионот се наменети за луѓето во регионот, а не за странските интереси.

На одржаната прес-конференција по приемот, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на едно поставено прашање во врска со улогата на Турција во регионот одговори со зборовите: "Како што рече и Путин, Турција е реален фактор, вклучувајќи го и овој регион. Турција е наш партнер во бројни насоки."



Слични вести