Жозеп Борел најави проширување на пакетот со санкции против Белорусија

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел најави дека ќе биде проширен пакетот со санкции против Белорусија

1530969
Жозеп Борел најави проширување на пакетот со санкции против Белорусија

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел по одржаниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата приреди прес-конференција на која истакна дека ќе биде проширен пакетот со санкции против Белорусија.

Борел потсети дека Европската унија (ЕУ) од чија страна по одржаните избори во Белорусија во август беа воведени санкции со коишто вклучувајќи го и претседателот Александер Лукашенко беа опфатени повеќе од 50 лица поединци и со тоа досега се целеше кон физички лица, додека во новиот пакет со санкции ќе бидат внесени и некои институции, претприемачи и компании.

Велејќи дека и покрај воведените санкции властите во Белорусија продолжуваат да вршат притисок врз опозицијата, високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел истакна дека повеќето од земјите членки на Европската унија (ЕУ) сакаат да биде подготвен нов пакет со санкции и дека во врска со тоа ќе се фокусираат на одредени чувствителни економски точки.

Земјите членки на Европската унија (ЕУ) за идните односи со Белорусија ќе одлучуваат во декември.



Слични вести