Во операција во руралното подрачје на градот Киркук во Ирак се убиени 16 терористи на ДЕАШ

Во реализирана операција од страна на ирачките безбедносни сили во руралното подрачје на градот Киркук (Керкук) се убиени 16 терористи на терористичката организација ДЕАШ

1531532
Во операција во руралното подрачје на градот Киркук во Ирак се убиени 16 терористи на ДЕАШ

Во реализирана операција во руралното подрачје на градот Киркук (Керкук) во Ирак се убиени 16 терористи на терористичката организација ДЕАШ.

Командантот на операциите во Киркук генерал-потполковник Саад Харбије истакна дека во руралното подрачје во јужниот дел на градот е започната операција против терористичката организација ДЕАШ.

Информирајќи дека за време на операцијата припадниците на ДЕАШ во близина на Зегетун и долината Ханазир во јужниот дел на градот одговорија на безбедносните сили, Харбије рече дека помеѓу двете страни се водеше приближно еден час судир.

Харбије истакна дека во операцијата поддржана од воздух и од страна на коалиционите сили под водство на Соединетите Американски Држави (САД) против ДЕАШ се убиени 16 терористи.

Ирачкиот командант генерал-потполковник Саад Харбије напомена дека во операцијата беа уништени и голем број засолништа на терористите и биле запленети голем број фалсификувани документи, пасоши, лични карти и оружје. 

Генерал-потполковник Харбије исто така информира дека е завршена реализираната операција од страна на ирачката армија, полицијата и силите за борба против тероризмот.



Слични вести