Во Ерменија разрешени од должност тројца министри

Според потпишаниот указ од страна на ерменскиот претседател Армен Саркисјан, се разрешени од должност министерот за одбрана Давит Тонојан, министерот за итни состојби Феликс Тсолакјан и министерот за труд Заруји Батојан

1531429
Во Ерменија разрешени од должност тројца министри

Во Ерменија разрешени од должност тројца министри, и тоа министерот за одбрана Давит Тонојан, министерот за итни состојби Феликс Тсолакјан и министерот за труд Заруји Батојан.

Според потпишаниот указ од страна на ерменскиот претседател Армен Саркисјан, на местото на разрешениот министер за одбрана Давит Тонојан е назначен Вагаршак Харутјунјан.

Со истиот указ се разрешени од должност и министерот за итни состојби Феликс Тсолакјан и министерот за труд Заруји Батојан.

Инаку, откако ерменскиот премиер Никол Пашинјан го призна поразот пред Азербејџан во Нагорно Карабах кој се наоѓаше под окупацијата на Ерменија почнаа да се одржуваат протести на кои опозициските партии ја бараат оставката на Пашинјан.



Слични вести