Состојбата со коронавирусот Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија 26 починати, 1.198 нови случаи

Во Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани рекордни 1.198 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупниот број на инфектираните се зголеми на 51.213, а со уште 26 починатı бројот на смртните случаи изнесува 1.423 лица

1531022
Состојбата со коронавирусот Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија 26 починати, 1.198 нови случаи
DÜNYADA KORONA (6).jpg
DÜNYADA KORONA (8).jpg
super covid19 fransa
super covid19 ispanya
super covid19 fransa
super covid19 abd new york
Covid-19.jpg
super covid19 fransa
super covid19 abd
super covid19 4.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 365 илјади 695 лица, на случаите на зараза изнесува над 57 милиони 240 илјади, а досега оздравеа повеќе од 39 милиони 735 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 258 илјади 333 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 12 милиони 070 илјади 712. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 168 илјади 141 лице, а на случаите на зараза изнесува 5 милиони 983 илјади 089 лица. 

Во Мексико, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 100.104, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 019 илјади 549 лица.

Во Велика Британија, која е земја со најголем број починати во Европа, бројот на смртните случаи со раст за уште 501 лице во изминатите 24 часа се искачи на вкупно 53.775, а за еден ден во земјата се регистрирани 22.915 новозаразени со што бројот на инфектираните достигна до 1 милион 453 илјади 256 лица.

Во Италија, со раст за уште 653 починати во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 47.870 лица. За еден ден се регистрирани 36.176 новозаразени со што бројот на случаите на зараза изнесува вкупно 1 милион 308 илјади 528 лица. 

Во Франција, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 47.127 лица, а на инфектираните достигна до 2 милиони 086 илјади 288 лица.

Во Шпанија, во изминатите 24 часа починаа уште 252 лица со што бројот на смртните случаи се искачи на 42.291, а на случаите на зараза со раст за уште 16.233 лица изнесува 1 милион 574 илјади 063 лица. 

Во Германија, се регистрирани 13.788 смртни случаи, а бројот а случаите на зараза достигна до вкупно 878.209 лица.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се потврдени 26 починати, а се регистрирани 1.198 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19). На тој начин вкупниот број на смртни случаи во Северна Македонија се зголеми на 1.423, а на инфектираните се искачи на 51.213 лица.

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски вчера по состанокот на Советот на безбедност соопшти дека Советот ќе ѝ предложи на Владата да прогласи кризна состојба во земјата во временски период од 30 дена.

Советот за безбедност, свикан од страна на претседателот Пендаровски, на кој, покрај членовите на Советот поканет беше и министерот за здравство Венко Филипче, разговараше за актуелната состојба во земјата со пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) и активностите на надлежните институции за спречување на ширењето на овој вирус.

Потоа Владата на Северна Македонија синоќа одржа седница со цел да ја започне постапката согласно препораката од Советот на безбедност за прогласување кризна состојба на целата територија на земјата, а со цел ефикасно справување со последиците од кризата заради Ковид-19.

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 9 милиони 004 илјади 365 инфектирани е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 132.202 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 34.850, а на случаите на зараза изнесува 2 милиони 015 илјада 608 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 43.417 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 815.117. 

Во Ирак, бројот на починатите се зголеми на 11.834 лица, а на случаите изнесува 529.226.

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 7.284 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 368.665.

Во Израел, бројот на смртните случаи изнесува 2.742, а на инфектираните достигна до 327.407 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 48.785 лица, а на случаите на зараза достигна до 2 милиони 040 илјади 542.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 20.671, а потоа следуваат Египет со 6.508, Мароко 5.090, Тунис 2.541, Алжир 2.224, Етиопија 1.607, Кенија 1.330, Судан 1.179, Нигерија 1.165, Камерун 435 починати.

 


 



Слични вести