Претседателот Илхам Алиев и се обрати на нацијата по повод ослободувањето на Агдам од окупација

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во своето обраќање до нацијата истакна дека започна нов период за градот Агдам кој е ослободен од ерменска окупација

1531411
Претседателот Илхам Алиев и се обрати на нацијата по повод ослободувањето на Агдам од окупација

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во обраќањето до нацијата по повод ослободувањето од окупација на подрачјето на градот Агдам им честита на сите Азербејџанци и на народот во Агдам. 

Алиев истакна дека започна нов период за градот Агдам кој е ослободен од ерменска окупација.

Илхам Алиев, ослободувањето на Агдам од окупација на 10 ноември го окарактеризира како „историски настан“ и информира дека пред окупацијата во овој град живееја 143 илјади Азербејџанци, додека сега оваа бројка достигна до 203 илјади.

Потсетувајќи дека во деловите на подрачјето на градот Агдам коишто не се наоѓаа под окупација до денеска беа реализирани големи проекти за развој, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев рече: „Сега започнува нов период за Агдам. Имаме големи планови. На окупираните територии беше уништено сѐ. Градот Агдам ќе го изградиме наново. Државата ќе им помогне на своите граѓани да се вратат таму.“

Алиев привлече внимание дека една земја која не може да воспостави нормални односи со своите соседи не може да се развие и во продолжение го рече следното следното: „Имаат претензии кон териториите на Турција. Немаат им. Да се гајат претензии кон териториите (да се бара територија) одеднаш голема држава како Турција е самоубиство.“

Велејќи дека ќе продолжи соседството со Ерменците во регионот, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев рече: „Како претседател сум на страната да престанат непријателствата и да се воспостават нормални односи. Ние немаме никаков проблем со ерменскиот народ. Сега во Ерменија владее внатрешна криза. Тоа е природно бидејќи еден ваков срамен пораз секако би можел да доведе до превирања во секоја земја. По кризата, доколку во Ерменија ја преземаат власта здрави сили, ние сме спремни да воспоставиме нормални односи со тие здрави сили, меѓутоа ние не можеме да имаме никакви односи со џелатите (убијците) кои ја полеале крвта на азербејџанскиот народ.“

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ги обвини западните земји поради тоа што остануваат неми ѝ пред нападите коишто ги реализира Ерменија врз цивилните населени места на Азербејџан ѝ пред притисоците коишто се вршат врз опозиционерите во Ерменија.

„Каде си Совет на Европа? Каде е Советот на Европа кој го омаловажува Азербејџан и се обидува да го потресе нашиот углед, зошто молчиш? Каде се вашата демократија, вашите човекови права? Големите сили, земјите кои себе си се прикажуваат како лидер на Европа, зошто молчите?“ - рече претседателот на Азербејџан Илхам Алиев. 



Слични вести